Wednesday, May 13, 2015

Метаболитички болести од недостаток и неправилно функционирање на ензимите

Катализаторите ја забрзуваат хемиската реакција. Иако учествуваат во реакцијата и подлегнува на физички промени за време на нејзиното траење, катализаторот се враќа во првобитната состојба кога ќе заврши реакцијата. Ензимите се катализитори од биолошко потекло. Тоа се специјална класа на протеини што ги катализираат хемиските реакции во биолошките системи. Во организмот на човекот се одигруваат цела низа метаболитички процеси на разградба и синтеза. За повеќето од овие процеси надвор од организмот потребна е висока температура. Овие хемиски реакции се можни in vivo благодарение на фактот дека живите организми поседуваат биолошки катализатори што ги нарекуваме ензими или ферменти.


Ензимски дефицит

Иако може да се јаде здрава храна и да се вежба, други фактори можат да ја намалат способноста на телото да произведе доволна концентрација на ензими за одржување на добра состојба на организмот.  Некои од овие фактори вклучуваат стрес од животната средина, како што се воздухот или електромагнетни загадувања, емоционален стрес, како што се губење на работа, губење на некој близок, или недостаток на суровини и храна во исхраната; други вид на стрес, како што се чести службени патувања, недостаток на сон, или остварување на работни и семејни потреби. Сите овие услови ја инхибираат способноста на телото да произведува ензими, или го доведуваат телото до стрес затоа што нормалните нивоа на ензими се искористени и не се доволни заменети


Дефицит на протеаза
Протеаата помага во расложување на протеините. Недостатокот на овој ензим создава алкална состојба во крвта. Ова настанува не заради тоа што протеазата е кисела, туку затоа што кисела состојба се постигнува со разложување на протеините со протеаза. Некои луѓе се вегетаријанци не по свој избор, туку немаат доволна концентрација на протеаза. Кај луѓето кои имаат дефицит од овој ензим може да се појави анкциозност заради алкалната состојба на организмот.




Протеините исто така се потребни за да не разносува калциумот кој се врзува за протеините. Дефицитот на калциум кој настанува од намалената концетрација на протеини е основа за настанување на артритис и други болести. Кога крвта не може да го разносува калциумот затоа што нема протеини, ја повлекува потребната концетрација на калциум од коските за да се одржи хомеостазата на човечкиот организам.  Оваа состојба е влошена кај луѓе кои користат суплементи со калциум карбонат затоа што доведува до поголем алкален стрес на телото. Крвта не може да го носи јонскиот калциум затоа што тој бара одредено ниво на киселост за да биде присутен. Луѓето кои имаат зголемена алкалност имаат голем број на проблеми со метаболизмот на калциум како што е остеоартритис, остеопороза, артритис, фихт, ишијас и проблеми со лигаментите.



Протеазата е исто така вклучена во имунолошкиот систем преку своето дејство на бактериските остатици, некои вируси и нејзината способност да се прекинат циркулацоските имунолошки комплекси. Овој ензим има способност да ги разложува несаканите остатоци во крвта и се смета за крвен чистач. Луѓето кои имаат дефицит на протеаза се имуно компримитирани, што ги прави поподложни на бактериски, вирусни и габични инфекции. Единствени луѓе кои не можат да ја толерираат протеазата се оние кои страдаат од чир или гастритис и кај кои оштетеното мукозно ткиво не може да се справи со дополнителната киселост која настанува при дигестија на протеини. 



Дефицит на амилаза
Амилазата ги разложува јаглените хидрати или полисахариди во помали дисахаридни единици кои на крајот ги конвертира во моносахариди како што е глукозата. Луѓето кои не можат да ги разложат мастите често јадат шеќери и јаглени хидрати за да надоместат за мастите во нивната исхрана. Ако во нивната исхрана има големо количество јаглени хидрати, тие развиваат дефицит на амилаза и симптоми кои произлегуваат од тој дефицит.



Амилазата не само што ги разложува јаглехидратите,туку и мртвите бели крвни клетки. На пример кога имате ниска концетрација на амилаза вие имате поголема шанса да развиете апцес. Овој ензим е вклучена во антивоспалителните реакции, како и оние предизвикани од ослободување на хистамин и слични супстанции. Инфламаторен одговор на телото обично се случува во органите кои се во контакт со надворешнита средина, како што се белите дробови и кожата. Затоа дефицитот на амилаза може да вклучат проблеми со кожата како што е псоријаза, егзема, каснување од инсекти и сите видови на херпес.


Дефицит на липаза
Бидејќи липазата ги разложува мастите и витамините кои се липосолубилни, луѓето кои имаат дефицит на липаза имаат тенденција кон висок холестерол, високи концентрации триглицериди, тешкотии при губење на тежината и дијабетес или тенденција кон глукозурија (шеќер во урината без симптоми на дијабетес), која може да доведе со срцеви заболувања. Бидејќи липазата има потреба од ко-ензим хлорид, луѓето со овој дефицитет имаат тенденција кон хипохлорхидрија (ниска концентрација на хлориди во електростатскиот баланс).



 Липазата бара висока рН вредност за нејзино активирање. Ова е причината зошто мастите се најтешката храна за дигестирање. Луѓето кои имаат дефицитет на липазата имаат намалена мобилна пропустливост, што значи дека хранливите материи не можат да влезат во клетката, а штетните материи не можат да излезат надвор од клетката. Во оваа категорија спаѓаат луѓе кои имаат синдром на хроничен замор. Заеднички симптом на недостаток на липаза се мускулните грчеви. Овие грчеви не се оние грчеви кои настануваат заради ниската концетрација на јонизиран калциум во крвта. Овие грчеви најчесто се јавуваат како одредена болка во мускулите на рамената, но може да се јави и во други мускули. Состојбата на вртоглавица која се појавува при движење како што е одење или возење, која се нарекува и Meniere's Disease може да настане од недостаток на липаза.


Дефицит на сахараза
Кај луѓето со имаат ваков дефицит сахарозата не можи да се разложи на две единици на гликоза.




Гликозата е примарна храна за мозокот, па затоа се очекуваат ментални и емоционални проблеми кои не можат да го обезбедат мозокот со гликоза.  Овие симптими вклучуваат цел спектар на депресија и зависност, напади на паники, манично и шизофренично однесување и сериозни промени во располиожението, кои често водат до пропиѓување на токсични лекови кои го модифицираат однесувањето.Исто така овие луѓе имаат кранијални болки и главонобли, како и симптоми на несостаток на витамим В.


Дефицит на лактоза
Луѓето кои се нетолерантни на лактоза имаат класични симптоми кои вклучуваат стомачни грчеви и дијареа. Исто така се откриени други алергиски реакции како што е астма кај пациенти кои се нетолерантни на лактоза.



No comments:

Post a Comment